Водете го хотелот попаметно, не потешко.

Платформа сè-во-едно за мали и независни хотели: автоматизирајте ги задачите, подобрете го искуството на гостите и зголемете ги приходите, без мака.

Нова резервацијаArben Hoxha · 3 ноќи · Соба 402
Препорачана соба 103Совршено се вклопува · без празни ноќи
Нова резервацијаArben Hoxha · 3 ноќи · Соба 402
Препорачана соба 103Совршено се вклопува · без празни ноќи
Илустративен приказ на календарот со примерни податоци

Поврзано со

  • Airbnb
  • Booking.com
  • Сајтови75+

    Поврзани сајтови за резервации, од Booking.com до Airbnb

  • ПлаќањаЛокално и глобално

    Плаќања со картичка преку локални банки и Stripe

  • Инсталација0

    Апликации за инсталирање: работи во прелистувач, на секој телефон или компјутер

  • ПрефрлањеБесплатно

    Префрлање од вашиот сегашен систем, го прави нашиот тим

Функции

Еве со што може да управува вашиот хотел преку Guestfix

Започнете ја секоја смена знаејќи кој пристигнува, кој заминува и кои соби се подготвени

Контролната табла ги прикажува денешните пристигнувања, заминувања, пополнетоста и одржувањето на собите на еден екран, а пријавувањето и одјавувањето се на само еден клик.

Истражете го управувањето со хотелот
  • Пријавувајте ги и одјавувајте ги гостите директно од дневниот распоред
  • Видете кој сè уште должи пари пред да се одјави
  • Секој престој има една сметка за трошоците, плаќањата и фактурата

Како сè работи заедно

Една резервација, од првиот клик до конечната фактура

Следете една резервација низ Guestfix. Ништо не се пишува двапати.

Директна резервација

Задржете ја провизијата. Задржете го гостинот.

Сајтовите за резервации обично земаат од 15 до 25% од секоја резервација што ви ја праќаат. Guestfix ви дава сопствена веб-страница и Booking Engine, па повеќе гости резервираат кај вас, а парите остануваат во хотелот.

  • Директни резервации без провизија

    Booking Engine и веб-страница за хотелот доаѓаат со Guestfix. Гостите резервираат кај вас, а вие ја задржувате целата цена на собата.

  • Гостинот е ваш

    Вистински е-адреси и телефонски броеви, профил на гостинот што го памети секој престој и никаква платформа меѓу вас и нив.

  • Ваши цени, ваши правила

    Цени само за директни резервации и промо-кодови, ваши услови за откажување и додатоци како појадок или трансфер до аеродром уште при резервацијата.

  • Еден календар за сите сајтови за резервации

    Директната резервација веднаш штом ќе пристигне ја затвора собата на Booking.com, Airbnb и другите, па нема двојни резервации.

Исти гости, иста година. Каде резервирале?Допрете за споредба
70% од годишните резервации, 25 соби402.413 €
Хотелот задржува329.978 €
Дел на сајтот72.434 €
Вашиот хотелПоместете ги лизгачите според вашиот хотел

Дури и ако само 1 од 5 резервира директно, задржувате +14.487 € годишно.

Проценка. Вистинските бројки зависат од вашите договори и составот на резервациите.

Одржување на собите и поправки

Знајте кои соби се подготвени, без да се јавувате горе

Хигиеничарките ја ажурираат секоја соба од прелистувачот на телефонот, а рецепцијата го гледа истиот статус на својот екран, заедно со секој пријавен дефект.

  • Задачите за дневно чистење се создаваат секој ден, а чистење по заминување се закажува кога гостинот ќе се одјави.
  • Хигиеничарките ја отвораат страницата Одржување во прелистувачот на телефонот и ги гледаат само своите соби, без ништо да инсталираат.
  • Вработените пријавуваат дефект со четири брзи одговори и фотографии, и во истиот чекор можат собата да ја стават надвор од употреба.

Сè во едно

Сè што му треба на вашиот хотел, во еден систем

Една најава, еден календар и една сметка, наместо посебна алатка за секоја работа.

  • Рецепција

    • Календар на резервации со влечење и пуштање
    • Најсоодветната соба за секоја резервација
    • Пријавување и одјавување со неколку допири
    • Повеќе соби во една резервација
    Управување со хотелот
  • Сајтови за резервации

    • Channel Manager за Booking.com, Airbnb, Expedia и други
    • Достапност и цени автоматски усогласени
    • Цени, минимален престој и запирање продажба на едно место
    • Заштита од двојни резервации
    Channel Manager
  • Директни резервации

    • Booking Engine без провизија
    • Веб-страница на хотелот што сами ја уредувате
    • Промо-кодови и цени само за директни резервации
    • Гостите сами ја менуваат или откажуваат резервацијата
    Booking Engine
  • Плаќања

    • Онлајн плаќање со картичка преку локални банки и Stripe
    • Плаќање онлајн или во хотелот, по ваш избор
    • Правила за депозити и авансно плаќање
    • Фактури направени од сметката
    Управување со хотелот
  • Работа

    • Табла за одржување на секоја соба
    • Пријави за дефекти со фотографии
    • Улоги и дозволи за вработените
    • Работи на секој телефон, таблет или компјутер
    Управување со хотелот
  • Гости и анализи

    • Профили на гости со секој минат престој
    • Потврди за резервација и е-пораки пред пристигнување
    • Извештаи за пополнетост, приходи и извор на резервации
    • AI асистент во апликацијата, на WhatsApp и Telegram
    AI асистент

Бесплатно префрлање

Преминот е наша работа

Преминот од друг систем обично значи денови рачно препишување соби, цени и резервации. Тој дел го правиме ние за вас, бесплатно.

  1. Испратете ни што имате

    Извоз од вашиот сегашен систем, табела или дури и слики од екранот. Во што и да ги водите собите и резервациите денес.

  2. Ние поставуваме сè

    Вашите соби, типови соби и цени, како и резервациите што веќе ги имате, внесени за вас во Guestfix.

  3. Вие проверувате и почнувате

    Прегледајте, поврзете ги сајтовите за резервации и почнете да примате резервации. Ништо не се пишува двапати.

Често поставувани прашања

Имате прашања? Имаме одговори. Еве како Guestfix ви помага хотелот да работи без застој.

Имате уште прашања? Закажете демо

Guestfix е платформа сè-во-едно за мали и независни хотели. Ги обединува резервациите, рецепцијата, наплатата и плаќањата, како и одржувањето на собите.

Секојдневната работа на хотелот ја водите на едно место: резервации, достапност и цени; пријавувања и распределба на соби; фактури и плаќања; задачи за чистење и статус на собите.

Да, бесплатно. Испратете ни извоз, табела или слики од екранот од системот што го користите денес, а нашиот тим пред да почнете ги поставува во Guestfix вашите соби, типови соби, цени и претстојни резервации.

Имате посебни безбедносни барања? Закажете демо за да разговарате со нашиот тим за пристапот, обработката на податоците и потребите на вашиот хотел.

Да. Двата пакета го вклучуваат Channel Manager: Standard со 2 сајта за резервации, потоа 5 € месечно за секој дополнителен, и Pro со сите сајтови. Закажете демо за да разговараме за сајтовите што ги користи вашиот хотел.

Запознајте го Guestfix. Управувањето со хотелот, поедноставно.

14 дена бесплатна проба, без кредитна картичка.